Domasno kino

Удобноста на домашно кино со совршена софа

За да се долови удобноста на домашното кино, колку што е битно да се одбере вистинската опрема, толку е битно и да се одбере вистинската софа. Домашното кино би било бескорисно, ако нема удобно седење.

Пред да го започнете уредувањето, измерете ги димензиите на просторијата. Утврдете колкав простор ќе остане за седење и колку места за седење сакате да имате. Ова е многу битно, затоа што погрешен избор на димензии за софата, може да го наруши изгледот на целиот простор. На пример ако се постави преголема софа за тој простор, се губи и естетиката и функционалноста.

Карактеристиките на софата се следното нешто што би требало да го земете во предвид. Софата треба да има место каде да се одложат далечинските управувачи и грицките.

Lara

Лара

Како последно утврдете го буџетот кој би сакале да го инвестирате. Да се има најудобното седиште за време на гледање на вашиот омилен филм е суштествено.

Во Софа Студио, за да ви помогнеме при изборот, припремивме неколку модели на мебел кои одговараат токму на таа намена.

Lara

Лара

Подвижните наслони кои може да ги прилагодете по ваша желба за максимална удобност, удобноста на седењето, како и широките страници кои се надоградени со дополнителни полици за одложување на далечинските управувачи и телефони ја прават софата Лара наш прв избор на мебел за тие што уживаат во добриот филм.

Julija

Јулија

Моделот Јулија исто така нуди место за одложување на разни предмети како и странични масички за да се одложат грицки и пуканки. Широкото седиште го прави ова парче мебел неодолив.

Oregon

Орегон

Ако повеќе сакате просторот да не го делите со други додека гледате филм, фотељата Орегон ви ги нуди сите удобности, како во седењето, така и за одложување на дополнителни предмети, со своите широки странични наслони.