Производство

Покрај стандардното производство на мебел, во Софа Студио може да ја добиете услугата Дизајн по мерка односно многу од нашите производи може да се прилагодат на вашиот простор. Процедурата за услугата е едноставна: го одбирате дизајнот од нашата вебс трана, потоа правите приближна скица на просторот во кој сакате да го сместите мебелот или пак ни праќате шематски план од куќата, канцеларијата или деловните простории и на крајот го пополнувате формуларот. Откога ќе ги добиеме потребните информации за два дена го имаме решението а вие ја добивате основната понуда. Ако сакате да направите нарачка, дојдете во „Софа Студио“ за да се договориме за останатите детали. Во случај ако не можете сами да направите скица, нашиот есперт ќе ги изврши мерењата но потребно е да го пополните формуларот и да ни го пратите по емаил.