Uncategorized

Опиени од љубов на овој Св. Трифун и Св. Валентин

Како што најромантичниот ден во годината ни приоѓа, така се повеќе го чувствуваме младалечкиот занес, а пролетта во нас како да расцутала со целата своја сила.

Ова е специјален ден кога ја славиме љубовта, но исто така и ден кога љубовта ја закројуваме и обновуваме, за таа повторно да израсне во нас и повторно не опива.

На овој ден вистинската декорација и вистинскиот мебел можат да го направат нашето доживување уште по силно, а луѓето што ги сакаме уште по разнежнети.

Декорацијата на амбиентот на овој ден исполнете ја со романтика. Поставете неколку свеќи, украси во вид на срце, цветови рози или перничиња на вашата софа во црвена или бела боја. Жолатата боја на цвет, свеќа или декорација на мебел, би било убаво да ја избегнеме на овој ден. Таа симболизира неисполнета љубов и љубомора. Црвената боја од друга страна е симбол на страствена љубов, а белата на чиста и безусловна љубов.

Дозволено е на овој ден повторно да се заљубите и во вашата софа. За нас иделна софа што зрачи со љубов и романтика би била таа што иде во пар со друго парче мебел. Таква е на пример Авангард. Преубав двосед што дополнително ги разбудува чувствата и малечката табуретка се идеални партнери.

Нежните и романтичните ноти на дизајнот на моделите Канабе, Морисон и Тренд, потсвесно ги забрзуваат ударите на срцето во ритамот на љубовта.

 

Секако, овој ден кога и воздухот е опиен од љубов, треба да се заврши со уште една чаша црвено вино, искрена насмевка и топла прегратка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *