Природата веќе одамна ги загуби своите живописни бои, а снежната прекривка и оголените дрва го исполнуваат погледот со белина и нијанси на сиво. Ова глетка колку и да е студена, буди чувство на топлина и радост кај повеќето од нас.
Ова зима загрејте го амбиентот во вашиот дом со топли детали и направете го место каде ќе се одморите, разнежните и подмладите.
Не грижете се. Не мора да го реновирате целиот дом. Доволно е да поставите неколку топли елементи на веќе постоечкиот мебел. На пример, неколку перничиња во топли бои како златна, портокалова или црвена, фрлени врз вашата неутрална софа, би биле идеално затоплување на амбиентот.
Исто така би можеле уште да употребите покривки и перничиња кои се подебели и со подолги реси или од вештачко крзно. Тоа би дало дополнителна топлина и нијанса на рустичност.
Не заборавајте да го изедначите овој топол зимски амбиент и во другите простории на домот. Во трпезаријата би можеле да поставите чупав или крзнен мал тепих. Во спалната, врз дебелата неутрална прекривка, фрлете по некое перниче во ист тон со тие што веќе ги имате на софата. Сменете ја секако декорацијата и на детската соба според желбата на вашите деца.
Со овие неколку мали измени, го претворивме целиот дом во топла зимска бајка. Сега може заедно со семејството да уживате во топлината на домот, па така и студот надвор повеќе нема да има сила.